Ова е најмалерозниот венчален прстен
Еден британски сајт кој се занимава со независно споредување на златарите и нивната понуда, решил да открие со кој модел на прстен се започнати најмалерозните бракови, односно оние кои многу брзо завршиле со развод.
Анкетирале 1.812 жени кои немале среќа во бракот, прашувајќи ги како изгледал нивниот венчален прстен и колку чинел.
Резултатот бил дека „несреќниот“ прстен во Британија е направен од бело злато, има голем квадратен камен во средината и ред мали дијаманти од двете страни на прстенот. Просечна цена на овој прстен е 1.340 долари.
Врз основа на собраните информации, направена е фотографијата на овој малерозен, но многу популарен прстен.
Доколку вашиот венчален прстен има ваков изглед, не очајувајте, бидејќи тој не може директно да влијае на секој брак, сепак тоа е статистички податок според ограничено истражување.
Оние кои се суеверни, а сè уште се немажени, може да го избегнуваат овој облик, кога имаат можност за избор.