Фотографии за „Збогум” вредни милион зборови
Бен Нунери и неговата помлада ќерка Оливија го објавија овој серијал фотографии настанати како последица на тажна загуба. Тажното “Збогум” тие го преточија во неверојатна фото-приказна.
Бен и Али се венчале во 2009 година. Но, Али патела од неизлечлив рак, по што починала пред само неколку месеци.
Зад себе оставила силен и сакан маж, 2 прекрасни ќерки и среќни свадбени фотографии кои до ден денес ја прераскажуваат нејзината животна приказна.
„Многумина ме прашаа како се чувствував додека ја правев оваа фотосесија. Само сакам да разберат дека ова не е приказна за загуба и тага. Да, минав низ тие чувства кои сè уште се дел од мене, но тоа не е целта на овие фотографии. Ова е приказна за силна љубов!“ раскажува Бен.
Не ги пропуштајте фотографиите кои целосно ќе ви ја раскажат емотивната приказна: