Направете сами: Снежна кугла

Снежните кугли се вистинска забава и за децата и за возрасните. Ги има во различни големини и најчесто со зимски, божиќни и новогодишни мотиви.

napravete-sami-snezna-kugla-01

Еве како на едноставен начин сами да направите снежна кугла и да ги израдувате вашите најмили.

Потребно ви е:

  • тегла или стаклен сад со капаче
  • зовриена и изладена вода
  • глицерин
  • топчиња стиропор или светки
  • силиконски гел
  • држач на кој ќе стои куглата
  • лепило
  • минијатурна украсна фигура

Подготовка:

Стаклената кугла измијте ја добро и исушете ја пред почеток на изработката. Прво со лепилото прицврстете ја фигурата која сакате да ја ставите за внатрешната страна на капачето.

Теглата наполнете ја со вода до врвот. Додајте неколку капки глицерин, а потоа додајте ги топчињата стиропор или светки. Капачето заедно со фигурата навртете го на теглата. Добро зацврстете го, а ако е потребно дополнително залепете го со силикон.

Веќе подготвената кугла може да ја залепите со силикон на украсен држач и да добиете уникатен, креативен новогодишен украс кој сами сте го изработиле.

Совет

Изберете тегла со понеобичен облик, ако немате кугла. Глицеринот е густо масло кое може да се купи во секоја аптека. Тој ја дава потребната густина на водата во теглата и така ги забавува светките да паднат брзо на дното. Во течноста по желба може да додадете и боја.

Предупредување:

Капачето мора да е добро затворено за да не истекува водата. Лепилото мора да е водоотпорен. Светките не смеат да бидат многу ситни за да не лебдат на површината.

napravete-sami-snezna-kugla-1

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
12 работи што општеството не ги прифаќа, иако се здрави и нормални, низ илустрации Грижата за децата не е само женска работа, па затоа не е срамота и татковците са...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg