5 трикови за свежата новогодишна елка да ви трае подолго

Кога го одбирате совршеното божиќно дрво, задолжително проверете ја неговата издржливост. Нордиската ела е најдобар избор затоа што е најиздржлива, додека сребрената смрека може да ве освои со изгледот, но сепак не поднесува високи температури.

5-trikovi-za-svezata-novogodisna-elka-da-vi-trae-podolgo-01

Свежата новогодишна елка би требало да трае најмногу 6 недели во домашни услови, по што слободно можете да ја закопате во најблиската шума или во дворот.

Но, како да ја одржувате свежа и чиста за време на празниците?

Со вотка, лимонада и аспирин божиќното дрво ќе трае подолго

Дрвото би требало да стои во голема саксија во која секој ден ќе долевате по половина чаша вода. Покрај водата додадете и малку лимонов сок кој го спречува опаѓањето на игличките.

Слично дејство имаат и вотката и аспиринот, кои ги уништуваат сите бактерии во водата, а салицилната киселина од аспиринот го зајакнува имунитетот на билките.

Божиќното дрво чувајте го подалеку од топлина и светлина

Божиќните дрвца растат на ниски температури, па најпаметно би било доколку ги сместите во најстуденото ќоше од вашиот дом.

Чувајте го подалеку од сончева светлина, секаков извор на топлина, а одлично би било и ако во непосредна близина додадете навлажнувач на воздухот кој ќе ја одржи бојата и свежината на игличките.

5-trikovi-za-svezata-novogodisna-elka-da-vi-trae-podolgo-02

Дрвото чувајте го подалеку од зрели овошја

Звучи смешно, но зрелите банани кои испуштаат етилен може преку ноќ да го исушат божиќното дрво.

Белите светилки се најдобар избор

Кога избирате светилки за новогодишната елка, погрижете се тие да се мали LED светилки кои не се загреваат толку брзо како обичните.

Бојата е посебно важна заради фотосинтезата која дрвото ја врши, па затоа најпрепорачливи се белите светилки кои не го попречуваат природниот процес.

Лакот за коса го забавува опаѓањето на игличките

Испрскајте ги гранките од долната страна 1 до 2 пати во неделата со лак за коса и спречете го прераното опаѓање на игличките.

Лакот за коса се препорачува само доколку не користите светилки, бидејќи во спротивно ќе ги изгорите гранките.

Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти „Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се ...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Најчудните растенија ширум светот (фото) Ако погледнеме малку подлабоко, ќе сфатиме дека природата е вистински уметник ко...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
На кој датум да ја накитите елката за да привлечете среќа во новата година (според верувањата)? Нема правила за тоа кога треба да ја накитите елката. Но, ако ги цените традиции...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg