Видео кое ќе ве замисли: Како ви поминуваат деновите?
Колку пати сте посакале да водите видео дневник? Но, колку пати сте се исплашиле дека тој нема да биде возбудлив за останатите? Луис Кол е еден од првите кој се избори со тој проблем, а во видеото подолу ќе откриете и како...
Луис Кол е 30-годишен Британец кој привлече огромно внимание уште во 2011 година, а оваа година за прв пат објави целосно видео од неговите авантури и патувања.
Пред само 2 години се проби како момчето кое дегустираше живи животни, а оваа година реши да направи нешто спектакуларно.
Изминатава година Луис Кол се прослави на сите социјални мрежи, а пред само неколку дена го објави и своето прво видео кое го опишува како свој видео дневник.
Под мотото „Уживајте во животот и живејте авантура“, Луис секојдневно доживува адреналински борби и случувања.
Во еден момент дури и ќе се запрашате: „Дали ова момче некогаш спие?“
Погледнете и размислете, како вие ги минувате деновите?