Најголемата светлечка елка во светот (видео)
Најголемата светлечка божиќна елка на светот е запалена во италјанското гратче Губио, 250 километри северно од Рим.
„Желбата да се испрати убава порака на солидарност, посебно да се сподели радоста со најсиромашните е главната идеја“ – изјавил свештеникот кој во саботата вечер, со помош на таблет, ја вклучил инсталацијата, поставена на ридот над средновековното гратче.
Божиќната декорација со ѕвезда што паѓа на врвот првпат била направена во 1981 година, на иницијатива на граѓаните, а во 1991 е забележана и во Гинисовата книга на рекорди.
Елката е составена од околу 1.000 светилки поврзани со електрични кабли долги 8.500 метри.
Погледнете ја прекрасната елка над градот и радоста на луѓето: