Дневна доза нежност: 8 причини за уште една прегратка плус

Кога последен пат ја прегрнавте саканата личност, своите родители, сопственото дете? А кога некој од нив ве повлекол кон себе?

dnevna-doza-neznost-8-pricini-za-uste-edna-pregratka-plus-01

Ако не можете да се сетите, тогаш време е да го промените ставот и навиките. Прегратката не чини пари, а вреди многу.

Научниците тврдат дека 8 прегратки дневно се доволни за среќен и исполнет живот. Еве зошто:

1. Топлата прегратка буди верба и чувство на сигурност. Помага во остварувањето на искрена комуникација.

2. Една прегратка е доволна за да се зголеми лачењето на окситоцин, кој го лекува чувството на осаменост, лутина и бес.

3. Цврстата и долга прегратка го подигнува нивото на серотин, со што се подига нивото на среќа и добро расположение.

4. Прегратката го зајакнува имунитетот. Нежниот притисок на градната коска го стимулира производството на бели крвни зрнца, кои се главен борец против сите болести.

dnevna-doza-neznost-8-pricini-za-uste-edna-pregratka-plus-02

5. Прегратките ја подигаат самодовербата. Самото тоа што се чувствувате сакано и посакувано има огромно значење.

6. Со прегрнувањето се ублажуваат болките, се опуштаат мускулите и се ослободува тензијата насобрана во телото.

7. Прегратката смирува. Со секоја прегратка преку кожата се пренесуваат електрични импулси кои влијаат на избалансираноста на нервниот систем.

8. Прегратките го заменуваат смеењето и медитацијата. Само тие ја имаат таа охрабрувачка моќ да и се препуштиме на животната енергија.

Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...
5 знаци дека самите сте виновни што сте несреќни во животот Дали ја запоставувате грижата за себе? А, дали имате навика опсесивно да „скрола...
„Пораснав со тројца родители – имам татко и две мајки, а како дете не сфаќав која ми е биолошка“ „Бидејќи тројцата родители работат, секогаш сме имале повеќе пари. Но, не сме во...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg