Необична убавина од отровни замрзнати меурчиња
Покрај магичната и невообичаена глетка која ја нудат овие заробени замрзнати меурчиња на езерото Абрахам во Канада, тие се отровни и со големи смртоносни ефекти.
Всушност тие се полни со токсичен метан гас кој се создава од растенијата кои се во езерото. Доколку пукнат и го испуштат тој гас тие се навистина опасни по живот.
Она што е интересно е тоа што се наоѓаат на речиси самата површина на езерото, а фотографот Дарвин Вигет (52) ризикувајќи го својот живот се обидел да им се доближи најмногу што може за да направи добри фотографии.
Тој дури објаснува дека одржувањето на прстите во функција, топлината на телото, сигурноста дека стоите цврсто на мразот и дека нема да паднете е најтешкиот дел од процесот на фотографирање на овие меурчиња.
Дарвин го фотографира езерото Абрахам веќе 10 години заедно со неговата партнерка Саманта Крисанту и нивното фотографско друштво „Ооpoomoo“.
Добрите фотографии зависат од условите и трудот кој ќе се вложи, но нив токму езерото Абрахам и замрзнатите меурчиња им претставуваат предизвик за фасцинантни фотографии.