Набилданите браќа Строе се најсилните деца во светот на само 7 и 9 години (фото + видео)

Браќата Џулијано и Клаудио Строе од Романија тренираат за да станат најсилните деца во светот. Иако имаат само 7 и 9 години, секојдневно од најмала возраст вежбаат во домашната теретана.

najmalite-i-najsilnite-bilderi-vo-svetot-foto-video-01

Тие се под постојан надзор на нивниот татко, кој е и главен иницијатор за овој специјален начин на воспитување и режим на живот.

Тие имаат посебна исхрана, одредено време и вежби за постојано да ја одржуваат и подобруваат својата форма, телесна фигура и сила.

Навистина личат на професионални билдери во мала димензија. Неверојатно е кога ќе погледнете на какви справи вежбаат и колкава тежина креваат. Нивниот напредок постојано е следен од многу светски телевизии кои известуваат и ги прославуваат.

Важен податок е и тоа дека постариот брат Џулијано, во 2009 година е запишан во Гинисовата книга на рекорди за соборување на рекордот за најбрзо поминување патека долга 10 метри, одејќи на раце и држејќи тег меѓу нозете. Во 2010 година го сруши и светскиот рекорд во воздушни склекови. Прогласен е и за најсилно петгодишно момче во светот.

Оние кои ја дознаваат оваа приказна или кои ги гледаат нивните фотографии се со поделени мислења. Додека некои го обвинуваат нивниот татко за необичниот начин на воспитување и тренирање, други го поддржуваат и сметаат дека е тоа здрав начин на живот.

Погледнете ги фотографиите и видеото од еден нивен тренинг



Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg