Прабаба на 28 години
Додека некои на 28 години сè уште се забавуваат, излегуваат и не размислуваат за брак и деца, Кели Бејкер е веќе прабаба. Таа по 4 годишна врска со 68-годишниот Боб, во 2010 година се омажила и добила 3 деца и 9 внуци. Пред 5 месеци го добила и своето прво правнуче, бебето Лејла.
Таа е пресреќна со своето семејство иако нејзиниот сопруг Боб е 40 години постар од неа. Кели изјавува дека се чувствува прекрасно и покрај тоа што луѓето и пријателите се со поделени мислења.
Како млада посакувала да има и свои деца, но во име на љубовта со Боб таа се откажала од тоа и ги прифатила сите негови деца како свои.
На почетокот било тешко да ја прифатат, особено затоа што најмладото дете тогаш било само 10 години помало, а останатите ѝ биле речиси врсници.
Но, откако се запознале подобро, тие се сложно семејство со неверојатно мала разлика во години и чудни меѓусебни роднински врски.
Некои од нив веќе на 18 години се тетки или баби, а Кели на своите 28 години истовремено е мајка, баба и прабаба.