5 типови досада: Каква е вашата?

Во моментите кога не постои ништо што нè стимулира, наеднаш чувствуваме некоја празнина која едноставно не знаеме да ја исполниме, па велиме дека ни е досадно. Научниците досега идентификувале пет различни типови досада.

5-tipovi-dosada-01

Индиферентна досада се опишува како состојба на замор, повлекување во себе и безволност која нема негативни чувства. Овој, релативно безопасен облик досада се манифестира со мрзеливост и незаинтересираност за светот околу себе.

Прилагодлива досада вклучува и фантазирање, желба тој момент на досада да се промени. Психолозите, овој вид досада го категоризираат како неудобна емоционална состојба.

Вознемирувачка досада има компонента на благо стегање и психички немир во кој поединецот активно бара начин за извлекување од таа состојба.

Излудувачка досада ги мотивира луѓето што поскоро да пронајдат излез од неа и да најдат нешто што ќе работат, притоа се лутат, неретко пцујат и изразуваат силни негативни чувства.

Апатична досада во која личноста не може да ја поднесе моменталната ситуација во која се наоѓа, но нема храброст да ја промени, па така, со монотонијата се јавува и тагата и беспомошноста.

Како се чувствувате вие кога ви е досадно?

Би можело да ве интересира:

7 типови патници кои ќе ги сретнете во јавен превоз и веднаш ќе сакате да избегате (низ илустрации) Гласен патник чиј телефонски разговор го слушаат сите, дете штио упорно удира на...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
15 фото-докази дека сè уште постои добрина во светот Во време кога почнуваме да ја губиме вербата во луѓето, се дистанцираме и станув...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg