Неочекувана реакција откако и кажа дека ја изневерил (видео)
Има ли пооригинален начин да се прослави петгодишнината од врската со шега на девојката која ќе ја убедите дека сте ја изневериле?
Роман Атвуд ѝ го направил токму тоа на својата девојка Бритни додека биле на одмор во Аруба, а целото изненадување го снимал.
Но, Роман останал во шок кога девојката скокајќи и викајќи му признала дека и таа го изневерила. За среќа, таа делумно знаела што ѝ подготвува, па наместо тој да ја изненади, таа го шокирала и го фатила неподготвен за нејзината реакција.
Најпрво добро одглумила кога почнала да плаче и да вика на неговото признание, по што морала да му признае дека всушност и таа го направила истото.
Тој останал запрепастен, почнал да вика и да не му се верува што ќе ве натера да помислите дека тука е крај на нивната врска.
Одеднаш девојката се изнасмеала и му признала дека видела кога ја поставувал камерата и знаела дека подготвува некакво изненадување.
Иако на крајот сам си наседнал на шегата, сепак одлучил да го постави видеото на YouTube каде има над 1.600.000 прегледи.
Погледнете го и вие ова интересно видео