Лутањето со мислите - простор за големи идеи

Читате книга и по некое време забележувате дека сте на истата реченица. Овој феномен е познат како „лутање со мислите“ и според научниците голем дел од животот поминуваме фантазирајќи.

lutanjeto-so-mislite-prostor-za-golemi-idei-01

- Околу 50 отсто од когнитивните функции во денот, спонтано ги трошиме на фантазирање - смета професорот Скот Бери Кофман, професор на Универзитетот во Њујорк.

Лутањето со мислите се случува кога мозокот престанува да биде присутен и размислува за работи кои не се врзани за моменталната ситуација, поради што тоа традиционално се нарекува „когнитивно губење време“ или неспособност за контролирање на мислите.

„Лутањето со мисли се смета за многу корисно во планирањето и креативните идеи“, вели Џонатан Скулер од Универзитетот Санта Барбара и додава дека лутањето со мисли  од луѓето ги извлекува најкреативните идеи. „Тогаш сме во состојба да произведеме генијални идеи“.

- Креативноста и генијалноста не доаѓа со посебно фокусирање на задачите , туку кога си дозволуваме себе да погледнеме од друга перспектива - тврдат научниците.

Но, ако поради „лутањето со мислите“ не успевате да ги завршите обврските, научниците тврдат дека ќе ви бидат доволни 10 минути медитација дневно, бидејќи ги намалува проблемите со „лутањето на мислите“ и ја зголемува моќта на разбирање при читањето.

lutanjeto-so-mislite-prostor-za-golemi-idei-1

Би можело да ве интересира:

Идеи за креативни подароци за на мекици (фото) Ако сакате да подарите уникатен подарок на мекици за новородено бебе, имаме неко...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти „Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се ...
Маж со 3 нозе, жена која тежела 2kg – Како изгледале изведувачите во циркусите од минатото? Во 1920-тите, Нели Бланш Лејн била позната како „најголемата жена во светот“ бид...
Необични детали од секојдневието во Јапонија што ги бунат туристите Тоалети во лифтовите во случај некој да биде заглавен поради земјотрес, но и ваг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg