Колку ви трае дремката?
Секогаш ни фали уште малку време од ноќта за да се чувствуваме наспани. Затоа, често знаеме да си го дополниме тоа време со попладневна дремка, сакајќи да добиеме повеќе одмор или енергија за остатокот од денот.
Но, не секоја дремка го има посакуваниот ефект. Тоа зависи од нејзиното траење.
10-20 минути:
Моќно делува ако ви треба малку повеќе енергија. Кратка дремка во која не успевате да заспиете, а уште помалку да сонувате. По ваквата дремка, можете веднаш да станете и да бидете свежи.
30 минути:
Оваа дремка може да има ефект на инерција, односно, наместо да се чувствувате одморено, уште повеќе ќе се чувствувате мамурно и неволно, затоа што е во преодна фаза меѓу сонот и будењето.
60 минути:
Оваа дремка е најдобра за подобрување на помнењето имиња, лица и факти. Вклучува цврсто спиење и длабок сон. Можен е мамурлак при будењето.
90 минути:
Ова е целосен процес на спиење кое ги вклучува сите фази од РЕМ – состојбата до фазата на длабок сон. Ова ја води емоционалната и процедуралната меморија, како и креативноста. По ваква дремка лесно се будите.
Колку вам ви трае дремката?