Најубавите веренички прстени на Tiffany & Co. - сон на секоја жена (фото)
Tiffani & Co. го дефинира стилот и ги слави најголемите љубовни приказни во светот уште од 1837 година, па до денес. Чарлс Луис Тифани е оној кој го претставил веренички прстен, онаков каков што го знаеме денес.
Постојат различни дизајни, од различни производители, но оној кој е прв, најпознат и најпосакуван е токму вереничкиот прстен на Tiffani & Co., препознатлив по својот дизајн, исклучителна брилијантност, дијаманти доведени до перфекција на нивниот изглед, вредност и одржување.
Главната идеја и мото на Чарлс, за сите прстени и дијаманти кои се изработуваат во компанијата Tiffani & Co. е да се произведе вечен, безвремен симбол кој е вреден и еднаков на вистинската љубов.
Токму во таа насока е и гаранцијата која ја даваат без ограничен рок, односно до крајот на животот.
Дизајнерите на прстените на Тифани речиси 175 години правеле нацрти за да го добијат финалниот дизајн на совршениот веренички прстен, кој е еднакво брилијантен и прекрасен како однадвор, така и однатре.
Препознатлива е и малата сина кутија во која се пакуваат прстените и која е првиот причинител за затреперување на срцето на девојката.
Љубовта продолжува да расте, а прстенот на Тифани ја краси вечно.