Факти за близнаците кои не сте ги знаеле
Бројот на близнаците е во пораст, може да ги сретнеме насекаде и сè почесто. Одгледувањето близнаци бара двојна грижа, но нуди и двојна забава.
Еве неколку забавни и интересни факти за близнаците:
1. Од 1980 година до денес, бројот на близнаци пораснал за 76 %
2. Можноста жените да родат близнаци се зголемува со зголемувањето на возраста.
3. Двојајчаните близнаци генетски се предодредени и се јавуваат кај жените кои можат да испуштат повеќе од една јајце клетка во исто време.
4. Еднојајчаните близнаци се резултат на една поделена јајце клетка и не можат да бидат генетски предодредени.
5. Еднојајчаните близнаци делат идентичен ДНК, но немаат ист отпечаток од прстот.
6. Момците кои се близнаци нема да имаат и тие близнаци, освен ако нивната жена нема генетска предиспозиција да произведе две јајце клетки.
7. Една од 250 трудници раѓа близнаци.
8. 22 % близнаци се левучари.
9. Девојчињата кои се двојајчани близначки имаат поголеми шанси да родат близнаци.
10. Некои проценки зборуваат како 1 од 8 човечки животи започнале како близнаци, додека 1 од 70 навистина се родиле како близнаци.
11. Ако еднаш сте имале двојајчани близнаци имате 3 до 4 пати поголеми шанси повторно да ги родите.
12. Нигерија е земја со најмногу близнаци.
13. Кина има најмалку близнаци, 1 од 300.
14. Просечна тежина на близнаците при раѓањето е 2,5 кг.
15. 40% од близнаците измислиле свој сопствен јазик.