Tоплo чоколадo на неколку нови начини

Денес мислете на калории и задоволство, препуштете му се на неодоливиот вкус на чоколадниот пијалак, подготвен на неколку нови начини.

topla-cokolada-na-nekolku-novi-nacini-01

Бела чоколада со ментол

Потребно ви е:  1 шолја млеко, 1 шолја течен шлаг, 110g бела чоколада, половина лажичка екстракт од пеперминт.

Подготовка: Загревајте го млекото и шлагот на средна температура околу 5 минути. Измешајте го и чоколадото и загревајте додека не се растопи. Додајте го екстрактот од пеперминт и мешајте додека течноста не се згусне. Послужете во големи шолји и наросете уште малку бело чоколадо, кокос или ливче ментол.

Вкусни додатоци

Потребни ви се сите омилени бомбони – чоколадни, со карамела или со кокос.

Во штотуку послужената топла чоколада додадете неколку бомбони по ваш вкус и уживајте во неодоливиот шмек.

Зачини

Циметот, ванилиниот шеќер, оревчето, кората од портокал или темното какао може да бидат феноменален начин за збогатување на вкусот.

topla-cokolada-na-nekolku-novi-nacini-02

Кафе или еспресо

Направете темна топла чоколада, па додадете 1-2 лажици силно еспресо или било какво инстант кафе, по ваша желба.

Необични додатоци

Ако сакате да експериментирате со вкусовите, додадете бомбони со вишни, цели кандирани вишни, портокал, праска... Додадете и неколку лажици овошен сок за да го засладите пијалакот. Исто така, обичното кравјо млеко обидете се да го замените со кокосово или соино.

Би можело да ве интересира:

Судбински средби и нови почетоци – Каква енергија ви носи денешниот датум 11.01? Денес треба да го направите првиот чекор за сите ваши соништа да станат реалност...
Детали од земјите ширум светот кои кријат необични приказни Ако во Шкотска видите црвена влезна врата, тоа значи дека домаќинот го исплатил ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
18 ѕвезди кои ќе изгледаа невпечатливо ако наместо сини имаа кафеави очи (фото) Од Бред Пит, преку Бредли Купер до Мајли Сајрус - како ќе изгледаа познатите со ...
Прашувам за пријател: Само што се вратив од болница, а сопругот очекува да му готвам и да го служам ... „Првото утро кога се вратив дома, чекаше јас да станам да сварам кафе и да ги на...
13 забавни фото-споредби кои ќе ве насмеат и расположат Луѓе на социјалните мрежи споделуваат фотографии „пред и потоа“ и некои споредби...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg