Магичната страна на дождливата есен
Дождливите утра и студените ноќи не се така здодевни како што на прв поглед ви изгледаат.
14-те причини и фотографии во продолжени се само уште еден доказ зошто есента е магична:
За почеток, прекрасните бои и нијанси се повеќе од доволни за да бидете среќни
Но, и вкусната храна е тука. На пример, специјалитетите од слатки тикви
Или од костени...
Исто како и компотот од дуњи
Насекаде се чувствува мирисот на цимет
Супер е што конечно можете да се вовлечете во топлите џемпери
Воздухот е чист и има некаков посебен мирис
Па затоа уживате во прошетките низ природа
А на крај и во топлото кафе или чај
Куповите лисја се уште една причина за игра и забава
Првиот гриз од штотуку набрано јаболко е бесценет
Конечно ја учите вредноста на сонцето
Но и на топлиот оган
И секако, чувството кога ќе се замотате во омиленото ќебе, гледајќи ја омилената серија... Непроценливо!