Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


11 модни лекции на кои нè научија јунаците на Дизни

Многу работи научивме од цртаните на Волт Дизни. Бамби нè научи за важноста на семејството, Петар Пан на тоа дека никогаш не сте премногу стари за да се забавувате, а Пинокио нè научи дека искреноста е најважна.

11-modni-lekcii-na-koi-ne-naucija-junacite-na-dizni-01

Меѓутоа, омилените телевизиски јунаци освен што добро нè забавуваа, ни покажаа и неколку лекции за модата.

1. Хеланките на Петар Пан

Хеланки наместо панталони. Уште пред да станат моден хит, Петар Пан ја покажал удобноста и практичноста и удобноста на хеланките кои денес се комбинираат на различни начини.

11-modni-lekcii-na-koi-ne-naucija-junacite-na-dizni-1


2. Венди во пижами надвор од дома

Облека која потсетува на пижами е исто така еден од трендовите, на оние кои го сакаат лежерниот стил. Лежерноста во облекувањето, а притоа и удобноста ни ја покажаа Венди, Џон и Мајкл Дарлинг од цртаниот филм „Петар Пан“.

11-modni-lekcii-na-koi-ne-naucija-junacite-na-dizni-2


3. Униформата на Кристофер Робин

Избирањето на проверена класична комбинација од која не се откажувате. Тоа е униформата на Кристофер Робин. Сите имаме некоја комбинација која ни е универзална и со која не можеме да погрешиме.

11-modni-lekcii-na-koi-ne-naucija-junacite-na-dizni-3


4. Школките на малата сирена

Ариел не научи дека треба да се снаоѓаме со она што го има во нашата околина. Бидете снаодливи и искористете ги материјалите кои се наоѓаат околу вас за да си направите сопствена креирана облека.

11-modni-lekcii-na-koi-ne-naucija-junacite-na-dizni-4


5. Аладиновиот елек

Елекот мора да се наоѓа во вашата гардероба. Секогаш добро одговара со различни модни комбинации, а колку е корисно ова парче облека најдобро знае Аладин кој го користи и без други додатоци, а со тоа го покажува и своето добро обликувано тело.

11-modni-lekcii-na-koi-ne-naucija-junacite-na-dizni-5


6. Урсула и црната боја

Црната боја најдобро ги крие килограмите. А тоа уште одамна ни го покажа Урсула.

11-modni-lekcii-na-koi-ne-naucija-junacite-na-dizni-6


7. Принцот со кошула во V
израз

Маж со длабок „V“ израз може да изгледа сјајно, а тоа што е принц дополнително ја олеснува ситуацијата.

11-modni-lekcii-na-koi-ne-naucija-junacite-na-dizni-7


8. Кратката топ маичка на Јасмин

Не се плашете од малку облека. Со кратка топ маичка може да изгледате заводливо како Јасмин.

11-modni-lekcii-na-koi-ne-naucija-junacite-na-dizni-8


9. Крзното на Круела де Вил

Крзното прави секој да изгледа погламурозно, па дури и лошата Круела де Вил. Но, за разлика од неа, подобро е да користите вештачко крзно отколку да ги убивате животните.

11-modni-lekcii-na-koi-ne-naucija-junacite-na-dizni-9


10. Пепелашка и оние кои и помагаат во облекувањето

На девојките понекогаш им е потребна помош во облекувањето. Не се срамете да прашате други за да ви помогнат околу одлучувањето или облекувањето, баш како што тоа го прави Пепелашка.

11-modni-lekcii-na-koi-ne-naucija-junacite-na-dizni-10


11. Шеширот на Пинокио

Шеширот е одличен моден додаток и го оттргнува вниманието од деловите на телото кои не сакате да ги истакнете. Пинокио тоа паметно го искористил.

11-modni-lekcii-na-koi-ne-naucija-junacite-na-dizni-11

Би можело да ве интересира:

Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...
Секојдневни работи што не сме свесни дека ги правиме погрешно Знаевте ли дека постои попрактичен начин за ставање на освежувачот во тоалетната...
Фото-докази дека луѓето во минатото имале многу подобар моден стил Жени во елегантни фустани и нежен накит, мажи во костуми – луѓето во минатото на...
Места ширум светот со најмногу рестрикции за посетители (забранети се и за најмоќните лидери) Капелата во којашто се верува дека се наоѓа ковчегот со 10-те божји заповеди е в...
9 туристи кои открија изненадувачки работи при своите патувања во странски земји „Кога бев во Турција, поминав време со неколку различни семејства. Кога ќе ја ст...
Работи кои може да ги најдете на попуст и е корисно да ги купите при крајот од летото Имате деца? Па, купувањето лулашка, лизгалка, трамбулина или други игр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg