Најлудиот фан на серијалот „Twilight saga“
Кети Вард е сигурно најголемиот фан на „Twilight saga“! Англичанката Кети Вард има 52 години, работи во пекара во еден од супермаркетите од ланецот „Морисон“.
Кога би ја виделе на работа никогаш не би рекле дека оваа жена е толку екстремна во изразувањето на своите чувства.
Меѓутоа, кога ќе ви ги покаже рацете и грбот ќе ви стане јасно дека се работи за најголемата обожавателка на серијалот „Twilight“.
Целиот горен дел од нејзиното тело е прекриен со тетоважи. До сега на оваа нејзина страст потрошила околу 8 илјади фунти, а планира да потроши уште 17 до 25 илјади фунти за тетоважите да ѝ изгледаат онака како што замислила.
Нејзината опсесивна љубов почнала пред четири години, кога нејзината пријателка ѝ ја дала да ја прочита првата книга Twilight.
Моментално прави уште една тетоважа со ликот на Едвард на левата нога.
„Имам пет волци на себе и реченицата која Џејкоб ѝ ја кажува на Бела кога сфаќа дека ја губи. Јас сум всушност најголем фан на Роберт Патинсон и неговиот лик на Едвард, бидејќи е различен и не е класичен“ – раскажува Кети.
Во моментот кога оваа книга дошла во нејзини раце, таа била во депресија заради загубата на нејзината мајка, само јадела и не излегувала од куќата:
„Кога мојата пријателка ми ја даде првата книга веднаш ми беше подобро. Конечно се фокусирав на нешто друго. Потоа ја најдов и музиката од филмовите и сите ДВД-изданија. Вежбав заедно со нив и симнав десет килограми. Тетоважите ги имам за да ме потсетат дека ова искуство ми помогна да се вратам во живот и дека морам да бидам фокусирана.“