Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како да ја активирате интуицијата?

Интуицијата претставува ваше разбирање на одредени работи без рационални причини. Некои сметаат дека интуицијата е нешто мистично кое им користи на одредени луѓе додека научниците кажуваат дека интуицијата може да се научи и да се објасни.
kako-da-ja-aktivirate-intuicijata-01

Како и кај другите луѓе, вештината на интуицијата е потребно да се вежба и да се научи. Тогаш таа може да стане моќно оружје кое ќе ви помогне во најразлични ситуации.

Ова се 7 проверени начини кои ќе ви помогнат да ја развиете и да почнете да ја користите интуицијата:

1. Бидете објективни
Научете работите да ги гледате објективно. Обидете се емотивно да се дистанцирате и да замислите дека тоа му се случува на некој друг и да размислите што би го советувале.

2. Знаење и искуство
Веројатно најважното нешто за активирање на интуицијата,. Колку повеќе искуство и знаење имате толку повеќе вашиот мозок полесно ќе ги воочува правилностите и на потсвесно ниво ќе ви укажат на тоа. Учете цело време и трудете се да забележите што повеќе детали.

3. Активирајте ја логиката
Размислете логично и почесто користете го рационалниот дел од вашиот мозок. Логиката може многу да ви помогне за да ја активирате интуицијата, но и да препознаете што ви е само замисла, фантазија, а што е интуитивно препознавање на нештата.

4. Опуштете се и фокусирајте се
Ако имате 100 грижи и проблеми кои чекаат на вас, вашиот мозок целиот капацитет ќе го троши на нив. Кога сте опуштени и фокусирани на некој проблем, решението само ќе ви се јави. Затоа пробајте да заборавите на проблемите и посветете се само на едно нешто во еден момент.

5. Посветете се на себе
Одвојте време за себе кога ќе размислите за своите постапки, размислувања и логика. Научете да се опуштете со медитација, исклучете се со добра музика или одберете метод кој вам најмногу ви одговара. Размислете каде грешите, како да бидете подобри и како да уживате во сè. Со текот на времето одговорот сам ќе ви се јави.

6. Бидете сочувствителни
Емпатијата е многу важна за луѓето, а научниците кажуваат дека и сочувството со другите е дел од нашето генетско наследство. Затоа е важно да размислите за другите, да им посветите време, внимание, љубов. Луѓето кои покажуваат искрени чувства кон пријателите и семејството многу подобро забележуваат, разбираат и го прифаќаат светот околу себе. Ова е многу важен чекор за да ја разбудите вашата интуиција.

7. Прифатете дека не знаете сè
Мудрите луѓе кои навистина знаат многу знаат уште колку многу треба да научат и не се арогантни сезнајковци. Само така можете да имате отворен ум и да учите. Не дозволувајте вашето его, суета или несигурност да влијаат на размислувањето или одлучувањето.

Би можело да ве интересира:

Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg