Дрвени детски соби за топло и весело секојдневие
Декорирањето на детските соби со дрвени елементи се случува сè поретко, токму заради неопходното шаренило кое многу родители мислат дека е клучот за весела и топла соба.
По овие неколку фотографии дефинитивно ќе ве убедиме во спротивното.
Дрвото и дрвените предмети во детската соба делуваат потопло и помодерно од било кога.
За да го избегнете постојаното реновирање и прилагодување на детската соба според возраста, идеално решение се светлите неутрални тонови со чија помош ќе добиете весела средина.
Не ги изоставајте и боите за да не постигнете ефект на монотонија, но сепак користете ги во умерена доза.
Кој рече дека дрвеното детско катче е здодевно?