9 женски правила кои мора да ги научите пред 21 година
Секоја година од животот учиме нови правила и мудрости, но што секоја жена треба да знае пред да навлезе во третата декада? Дознајте во продолжение...
Пијте јаболков оцет - Измешајте го со вода за да го забрзате метаболизмот, а воедно и да ја негувате кожата.
Исчистете ја собата без никакво повод - Иако вашата соба е премала за да организирате забави, сепак треба да е секогаш средена. Не заборавајте да ја соберете валканата облека, да се решите од ќесата со отпад и да се погрижите тоа катче да ви биде приватна оаза на мирот.
Користете заштита - Заштитете се од непотребни непреспани ноќи или болни инфекции. Ако не сте во долга врска и не планирате дете, запаметете дека сексот без заштита не доаѓа во обѕир!
Еднаш месечно читајте класичен роман - Кога ќе имате желба да прочитате неколку страници, чисто од забава, наместо магазини одберете некој краток класичен роман. Сметајте го тоа како забен конец за вашиот мозок и вашиот интелектуален напредок.
Стекнете способност да одите сами во ресторан -Не се срамете од соло шетањето или соло оброкот во ресторан. Средете се, дотерајте се и початете се со што и да сакате!
Ако чекате некој да се промени, време е да се помирите со фатот дека тоа нема да се случи - Веќе одамна треба да ви биде јасно дека помената на човекот е невозможна. Или помирете се со неговите мани или збогувајте се со него!
Досадни состаноци - Не излегувајте со некој само затоа што мислите дека е подобро отколку да останете дома. Не губете време со досадни момци, посветете се на поквалитетни нешта во животот.
Кога пиете, пијте само еден вид на пијалак - Ако пиете ист пијалак цела вечер, голема е веројатноста да го избегнете мачниот мамурлак.
Не мислете на иднината - Имате само 21 година и сè ќе биде во ред, слободно смирете се. Млади сте, паметни, полни со елан и голем број на можности пред вас. Можеби ви недостасува животно искуство, но не сте единствени. Поставете си цели и внимателно работете за да ги остварите!