10 совети како да станете оптимисти

Одамна е докажано дека оптимистичните луѓе имаат поздраво срце, подобро се справуваат со стресот и имаат помал ризик за мозочен удар во однос на нивните колеги кои сметаат дека чашата е секогаш полупразна.

10-soveti-kako-da-stanete-optimisti-01

Се исплати да бидете ведро расположени!

1. Бидете благодарни

Ако не сте благодарни за работите кои ги имате во животот, никогаш нема да бидете задоволни. Но, треба да бидете благодарни и на препреките и неуспесите кои претставуваат точки на мудроста во вашиот живот кои ќе ви дадат сила да издржите.

2. Споделете ги искуствата

Споделете ги животните авантури, успесите и неуспесите. Во разговорите со другите луѓе секогаш ќе пронајдете простор за поголема надеж, а таа е главната состојка на оптимизмот.

3. Простете

Полесно е да се каже отколку да се направи, но морате да им простите на оние кои ве повредиле. Кога тоа ќе го направите, со леснотија ќе продолжите понатаму и ќе се помирите со минатото.

4. Подобро слушајте

Кога слушате, ги рушите сите бариери кои ви ги одвлекуваат мислите. На тој начин покажувате посветеност и почит, а токму тие се показатели на позитивната енергија.

5. Не бидете зависни и љубоморни

Зависта и љубомората лошо влијаат врз сите, па затоа не размислувајте дека некој е подобар од вас. Вложете ја енергијата и мислите како да се изборите самите со себе, како да ги соборите сопствените рекорди, а не туѓите.

10-soveti-kako-da-stanete-optimisti-02

6. Смејте се

Кога сте среќни и другите околу вас се, затоа што ширите позитивна енергија. Во спротивно, ќе имате спротивен ефект.

7. Вежбајте и хранете се здраво

Секој ден искористете барем 15 минути во чест на рекреацијата и разонодата. Само бидете во движење! Јадете мали и здрави оброци. Енергијата која ќе ја вложите во овие две работи ќе ви се врати во двојно поголема количина.

8. Мислете позитивно

Не дозволувајте оптимизмот да ги допре крајните граници. Во состојбата кога ви се чини дека сè се распаѓа, научете да живеете со мислата дека ќе биде подобро, наместо да се сожалувате.

9. Не ги кривите другите

Најлесно е, а непотребно. Контролирајте се себеси и тогаш ќе го пронајдете оптимизмот во вас.

10. Минатото нека остане некаде далеку зад вас

Само затоа што сте имале падови, не значи дека и понатаму ќе доживувавте лоши искуства.  Лошите моменти не влијаат секогаш на иднината. Напротив, знаете дека минатото е зад вас и на патот кон иднината не ви може ништо!

Ставете ги розовите очила и насмевнете се!

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg