10 жени кои мора да ги имате во животот

Опкружени сме со најразлични луѓе. Најчесто сами бираме со кого ќе се дружиме и кои се нашите најблиски пријатели. Но, има 10 типови жени кои би требало сите да ги имаме во животот.

10-zeni-koi-mora-da-gi-imate-vo-zivotot-01

Пријателка од детството

Можеби не сте блиски како порано, но сепак се слушате и меѓу вас постои некоја посебна поврзаност како двајца кои заедно копале во земјата, играле во песокот. Повременото гледање со неа може да ви биде вистинско освежување во однос на секојдневното кафе со пријателката со која го поминувате секој ден.


Повозрасна кул жена

Можеби е тоа тетката која не е многу постара од вас или откачената сосетка со која секогаш сте имале супер однос. Некој кој повремено ќе ве почести со пијалак и ќе ви каже некоја животна мудрост, која фрла потполно ново светло на вашиот нерешен проблем со поранешниот партнер, кој можеби и не е целосно поранешен.

Колешката на работа

Некој со кој можете фино да го изоговарате шефот кои ви дошол преку глава, а при тоа да бидете сигурни дека муабетот нема да биде пренесен понатаму. Тие моменти со кафе во 3 часот попладне, навистина може да бидат драгоцени.

Ваша целосна спротивност

За да ве убеди дека понекогаш може утрото да го дочекате во градот, наместо да си заминете штом падне мрак. Или конечно да одите на скијање иако сте сигурни дека воопшто не сте планинарски илузии спортски тип. Некоја која нема да се сложи со вас во секое време, но ќе внесе сосема ново и различно гледање на нештата.

Келнерката која ја познавате

Знаете дека нема да штеди на состојките за коктел, а не морате да се грижите дека на крај ќе ви досадува.

Омажена пријателка (ако вие не сте)

Вашите вообичаени сексуални активности ќе изгледаат сосем поинаку после разговорот со неа. Освен тоа, нејзиниот сопруг веројатно има куп `сингл` пријатели со кои може да ве запознае.

Пријателката од средно со која сте ги поминувале пијаните забави

Сега, кога сте ја надминале таа фаза, добро е пред себе да ја имате личноста која ве познава и во најлошото издание.

Вистински хедонист

Кога ќе ви досади да бидете на диета и да вечерате само листови од зелена салата и минерална вода со лимон, одете со неа во некоја кафеана на ќебапи, пиво и музика. Утредента нема да ве гризе совеста, бидејќи тоа сте го направиле за да ја расположите неа.

Гласот на разумот

Знаете дека ќе ви каже се што мисли и дека никогаш нема да  ви ја скрие или украсува вистината. Баш како оној глас кој се појавува во вашата глава пред да напишете некој коментар на Фејсбук на пример на оној кој ви се допаѓа.

Најдобрата другарка

Таа може да биде која било од погоре наведените, но може да има и некои од оние карактеристики кои веројатно ви одат на нерви. Сепак, вашето пријателство е вистинско и искрено и без неа не би преживеале.

Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg