10 најчести изговори зошто не одиме на работа со велосипед

Кога сите како превозно средство наместо автомобил би го користеле велосипедот, би имале многу почист град, помалку метеж во сообраќајот, помалку бучава, повеќе пријатни и тивки улици.

top-10-izgovori-zosto-ne-odime-na-rabota-so-velosiped-01

Би се намалил бројот на паркирани возила, па и за пешаците улицата ќе стане простор на кој се чувствуваат пријатно безбедно. Меѓутоа, иако некои не се ни обиделе, има многу кои не сакаат ниту да ја размислат таа можност, а главни виновници за тоа се предрасудите и изговорите.

Ова се најчестите:

1. Не е безбедно да се вози велосипед низ градскиот сообраќај

Доколку возите пристојно и ако се придржувате до сообраќајните правила, сообраќајните ленти на улиците можете безбедно да ги делите со моторните возила. Стравот од возењето низ сообраќај често е поголем од реалните можности да се најдете во опасност. Ако возите многу блиску до работ на улицата или покрај тротоарот, поголеми се шансите да бидете истуркани од некој автомобил или да налетате на некоја пукнатина, шахта, камче и слично.

Сообраќајните ризици може да ги намалите и ако однапред си го испланирате патот по некои околни улици, за кои иако мислите дека ќе ви одземат подолго време, всушност може во исто време да стигнете до саканата дестинација, бидејќи таму има помалку сообраќај.


2. Што ако врне или ако е студено?

За почеток, возете тогаш кога вам ви одговара. Кога е лоша прогнозата не одете со велосипед. Некои луѓе може да возат и на дожд и на снег, но вие не морате. Дури и ако се возите само кога е убаво времето, ќе направите огромна разлика. Што повеќе уживате во тоа, сè повеќе ќе се радувате на својата секојдневна дружба со велосипедот. Можеби толку многу ќе ви се допадне што ќе одлучите да вложите и повеќе пари во опрема за дождливо или студено време, па ќе можете да возите во текот на целата година.


3. Ми треба многу време за да стигнам

Би се изненадиле! Поради секојдневниот застој во сообраќајот и проблемите со паркирање, со велосипед всушност секаде ќе стигнете пред автомобилите, кога се во прашање оддалечености од 5 до 10 километри. За поголеми далечини, пресметајте го времето потрошено и на физичката активност за која често не ви останува време.

Плус позитивно влијаете на своето здравје, штедите пари, а при тоа допринесувате во заштитата на животната средина.


4. Морам да станувам порано

Ако вашата оддалеченост е пократка од 15 километри, разликата во времето кое ви е потребно, навистина е безначајно. Но, дури и ако трае подолго , да спиете пола час повеќе не е ни одблизу така пријатно и расонувачко како утринското возење.

На работа ќе стигнете разбудени и свежи. На сличен начин ќе бидете опуштени  кога ќе стигнете дома после работа, бидејќи ќе можете да го избегнете метежот. Исто така, после работа нема потреба да трчате на тренинг, бидејќи физичката активност во денот веќе сте ја завршиле.


5. Не сум во форма

Ако возите со умерено темпо, велосипедизмот не е ништо потежок од одењето пеш. Колку почесто возите, толку ќе ви биде полесно бидејќи постепено ќе ја постигнете кондицијата.

top-10-izgovori-zosto-ne-odime-na-rabota-so-velosiped-3


6. Нема безбеден паркинг за велосипеди

Иако можеби на некои места нема обезбедено паркинг место за велосипеди, сепак може да се снајдете ако го заклучите на видно место или доколку прашате некој од околните жители кое место е најбезбедно. Доколку навистина сакате и се потрудите сигурно ќе има луѓе кои ќе ви помогнат.


7. Добриот градски велосипед е скап, не можам да си го дозволам

Не ви е потребен професионален или скап велосипед. Обновете си го вашиот стар велосипед. Купете половен. Ќе им биде помалку привлечен на крадците. Ако имате велосипед за рекреација, користете го. Додајте напред корпа за да може да ви ги собере потребните работи. Многу поскапо е да возите автомобил и да плаќате гориво.


8. Морам убаво да се облекувам за на работа

Во градовите каде што е развиен велосипедизмот и каде што тоа е нормална, секојдневна навика, луѓето возат велосипеди и во костуми, фустани, здолништа и сл. Но ако се уште тоа не ви е пријатно, секогаш постои можноста да се пресоблечете.


9. Немам каде да се истуширам на работа

Во зависност од тоа какво е времето, најверојатно нема ни да ви биде потребен тушот. Се разбира доколку возите со умерено темпо. Носете си сапун, дезодоранс и мал пешкир, освежете се во тоалетот и тоа ќе биде доволно.


10. Опасно е да се вози навечер

Носете светла облека и точно наместете ги предното и задното светло на својот велосипед. Така, сите ќе можат да ве видат. Возењето ноќе не е проблем, доколку гледате каде возите и ако сте видливи за останатите возачи.

top-10-izgovori-zosto-ne-odime-na-rabota-so-velosiped-2


Ајде сите заедно да се обидеме да ги смениме навиките
!

Би можело да ве интересира:

Фотки кои ќе ве утешат: Луѓе кои имале полош ден на работа од вас Скинати фармерки, но и колеги кои како да забораваат дека во канцеларијата има и...
Страшни сцени од работните места на луѓе за кои не сме свесни (а тие ги доживуваат) Ако вас понекогаш ве плашат многуте обврски и крајни рокови на работното место, ...
Вечерва почнува зимското сметање на времето: Како влијае врз луѓето и како да се адаптирате полесно? Ноќта кога почнува зимското сметање на времето, добиваме еден час повеќе за спие...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
14 забавни фото-споредби: Различности кои не се опишуваат со зборови Нов и стар пар патики сликани еден до друг, маж пред и по трансплантација на кос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg