Омилениот вкус го открива вашиот карактер

omileniot-vkus-go-otkriva-vasiot-karakter-01

Често ги пресметуваме калориите на одрдени производи, се навикнуваме само на еднолична искрана, а со тоа го уништуваме вкусот и љубовта кон храната, па постепено стануваме индиферентни и јадеме само за да преживееме, но без да уживаме.

Свесно или не, сами си го скратуваме задоволството од некои вкусови за кои едноставно имаме потреба, а тие многу зборуваат за нас како личности.

Ова е интересно истражување според кое, во зависност од тоа кој вкус ни омилен може да дознаеме какви сме:


Солено сакаат успешните личности кои во животот се водат
според разумот, а не
срцето

omileniot-vkus-go-otkriva-vasiot-karakter-1

Оние кои имаат поголема потреба за солена храна, ретко го искажуваат своето мислење, но се исклучително енергични и арогантни во критични ситуации.

Најчесто одлуките ги донесуваат според разумот, а не според срцето.

Со оглед на тоа што често препуштаат други да им го кројат и приватниот и професионалниот живот, таквите можат да изедат цела кесичка чипс или порција помфрит, бидејќи имаат недостаток на минерали во организмот.


Благо сакаат сензуални
те личности, хедонисти, кои сакаат да живеат на крајни граници

omileniot-vkus-go-otkriva-vasiot-karakter-2

Личностите кои имаат силна потреба и желба за црното чоколадо сакаат да бидат во центарот на вниманието, ги привлекува распуштеното и слободно живеење, а во професионалниот живот целат кон водечките позиции.

Оние на кои им е омилена млечната чоколада, често се тивки и повлечени. Генерално, луѓето кои сакаат слатки се хедонисти и ретко се каат за пропуштени прилики.

Чоколадото го стимулира лачењето на хормонот серотонин и е одличен десерт кој делува како антидепресив, а помага и кога на телото му е потребно брзо будење.


Солено-благо сакаат креативните и самците

omileniot-vkus-go-otkriva-vasiot-karakter-3

Оние кои сакаат комбинација на слатко и солено најмногу сакаат да бидат сами, креативни се и сакаат да управуваат со своето време и простор.

Не поднесуваат надреденост, а најмногу од сè ја ценат приватноста . Честата потреба за солено и благо е знак дека на организмот му недостига глукоза и натриум.

Се чувствуваат омалаксано и споро, поради што многу посегнуваат по комбинација од солени грицки и чоколадо, за да ја вртат силата и да ја задоволат потребата за солено.


Лута зачинета храна сакаат темпераментните личности

omileniot-vkus-go-otkriva-vasiot-karakter-4

Темпераментните личности кои не сакаат да губат време на неважни работи, обожаваат лута и зачинета храна.

Тие сакаат ред и дисциплина, со неверојатна брзина истовремено извршуваат повеќе важни работи, а храната со посилен вкус ги смирува.

Ваквата храна ја забрзува работата на срцето и дишењето, па добро е да се внимава бидејќи создава зависност.


Горко сакаат оние личности кои се внимателни и замислени

omileniot-vkus-go-otkriva-vasiot-karakter-6

Оние кои се често замислени или размислуваат многу пред да одлучат, тешко се препуштаат на логиката на срцето, често им се замерува дека не се доволно страствени.

Тие обожуваат горчлив вкус, кој инаку е најзастапен во категоријата омилени вкусови. Горчливата храна ја израмнува нивната ладнокрвност која е на површина, бидејќи во суштина тие се плашливи.

Горчливиот вкус го исполнува благото незадоволство кое ги води понатаму и да ги видат работите онакви какви што се, без розеви очила.


Кисело сакаат забавни и опуштени личности

omileniot-vkus-go-otkriva-vasiot-karakter-5

Оние личности кои сакаат да се забавуваат, не се плашат и се спремни на многу предизвици, обожуваат кисело.

Тоа им предизвикува интерсен вкус, чувство на скокотливост што прави да се чувствуваат пријатно и да уживаат.

Овие личности секојпат сакаат нешто различно, поднамични се, но ретко стабилни и не секогаш задржуваат една иста одлука подолго време.

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Луѓе кои не заслужуваат да им дадете втора шанса Кога некоја личност постојано зема и никогаш не враќа, тоа може да биде исцрпува...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
Како учтиво да ја вратите нарачката во ресторан (и кога не е во ред да барате нов оброк)? Доколку ви ја згрешат нарачката или ви стават состојка која сте нагласиле дека н...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg