Подгответе изненадување во шолја утринско кафе!
Ако сте фанатик и љубител на различните видови и ароми на кафе, како и сè што е поврзано со неговото подготвување, имаме еден мал и одличен трик кој ќе изнуди насмевка на лицето на вашите најсакани.
Во голем број на елитни локали се служат кафиња со порака врз самата пена, а она што до сега не сте знаеле е колку се лесни за подготвување и во домашни услови.
Со помош на само едно пластично капаче и скалпел може да направите вкусни уметнички дела. Еве како:
Потребно ви е едно пластично капаче кое ќе ви послужи како калап. Пораката која сакате да ја пишува на кафето добро осмислете ја, напишете ја со молив, а потоа исечете ја пластиката со скалпел.
Ќе добиете едноставен шаблон низ кој можете да проросите ситно мелено кафе, цимет или рендано чоколадо. Но, внимавајте, овој проект е возможен само ако подготвите млако кафе со пена.
Зошто да не израдувате некој уште денес?