Жената чие презиме од 35 букви не го собира на ниту еден документ
Кога ќе дојде време за обновување на документите, ви се чини дека ја имате најтешката работа на светот? За оваа жена тоа е најмал проблем.
Janice Keihanaikukauakahihuliheekahaunaele е Хавајка која постојано се бори со долгото презиме, а нејзиниот најнов проблем е што не може да извади возачка дозвола со полно име заради тоа што нејзиното презиме е подолго од границите на самиот документ. Дозволени се цели 40 букви, но само нејзиното презиме има 35.
Таа признава дека често пати има проблеми со полицијата, затоа што кога ќе ја подаде возачката дозвола постојано ја испрашуваат. На возачката не се наоѓа нејзиното прво, ниту пак средно име, само за да може да биде регистрирана со цело презиме.
„Навистина би ценела било каква помош околу овој проблем, затоа што не сум единствена. Има повеќе луѓе од што мислите кои се соочуваат ваква незгода,“ вели Џенис.