За 56 години брак и купил 55 илјади фустани

Речиси осумдесет годишните Пол и Мери во брак се веќе 56 години, низ кои Пол ја подновил својата жена со цели 55 илјади фустани.

za-56-godini-brak-i-kupil-55-iljadi-fustani-01

Пол сакал секогаш таа да носи нови фустани кога оделе на игранки. Таа желба денес прераснала во соба полна фустани со различни, шари, бои, дезени и материјали.

Како што Пол кажува, нивниот живот бил променет од танцот по кој се заљубиле:

„Мери е љубовта на мојот живот и остана до ден денешен. Тргнав по неа во САД и покрај тоа што моето семејство се противеше. Живеевме на различни места, додека не се вдомивме во Лос Анџелес. Секогаш и купував нови фустани на Мери, каде и да одев... Сакав да ја гледам како игра во различни фустани, па бев фасциниран од моделите од 50тите, затоа што секогаш изгледаше неверојатно женствено во нив. Секоја недела сакав таа да носи нов фустан!“

za-56-godini-brak-i-kupil-55-iljadi-fustani-1

Сепак, 55те илјади фустани е невозможно да бидат облечени. Мери не успеала да ги проба сите, затоа што опсесијата на Пол одела предалеку, па купувал пред работа, за време на работа, за време на секоја пауза и прошетка, па дури и му се случувало дома да се врати со повеќе од 30 фустани дневно.

Сепак, со две деца, 56 години брак и 55 илјади фустани подоцна овој пар решил дека мора да направи распроаджба заради лошата здравствена состојба на Пол.

„Кога ги купував фустаните не ни гледав дали се брендирани, за на крај да се испостави дека имам колекционерски примероци од фустани на Оскар де ла Рента и Вера Ванг,“ заклучил Пол по долги години.

za-56-godini-brak-i-kupil-55-iljadi-fustani-2

Би можело да ве интересира:

„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg