Бамбусово егзотично одморалиште во Бали
Оваа неверојатна градба наречена Green Village можете да ја пронајдете само ако го посетите Бали. Креирана е од еден креативен ум кој сакал да создаде идеално одморалиште лоцирано во малиот рај на земјата.
Куќата е изградена исклучиво од природни материјали, а претежно од бамбус. Надворешниот импровизиран камен базен можеби не е огромен и луксузен, но понекогаш едноставното уживање е најслатко.
Навидум, оваа градба изгледа мало и минијатурно, но внатрешноста е поголема од што можете да замислите. Има една полуотворена спална соба, дневна, трпезарија, како и огромна тераса.
Уредена е исклучиво во минималистички стил, со малку шари и дезени, па можеби токму поради природниот изглед делува како куќата од сечиј сон.