Неколку минути ве делат од чиста тастатура (видео)
Без оглед на тоа колку внимавате на чистотата на рацете и околината, тастатурата секогаш ќе пронајде начин да биде нечиста и полна со остатоци од храна. Идеално место за бактериите и за развој на многу болести!
Голем број од вирусите се наоѓаат токму во овој предмет кој секојдневно го допираме стотици пати, па затоа овие неколку совети ќе ви бидат неверојатно корисни.
За оние кои се опседнати со чистење
На вас веројатно не ви требаат совети како да ја одржувате тастатурата, но за оние кои штотуку купиле нова имаме неколку мудри зборови. За секојдневно одржување доволно е секој ден да ја поминете со микрофибер крпа, а доколку сте направиле неколку дамки може да користите и малку топла вода.
За оние кои не сакаат да чистат чето
Вашата тастатура веројатно е во полоша состојба од останатите. Но, и за запуштената тастатура има лек – потопете ја крпата во мешавина од вода и сјај, па добро исцедете ја. Започнете со чистењето, а доколку наидете на трошки и прашина најдобро е претходно да ја истресете, додека е уште сува за трошките да не се залепат.
За страшно валканитe
И кога конечно ќе се решите да ја исчистите, користете вода и детергент за перење, но кога и ова средство не може да ја спаси вашата тастатура, имаме нов трик.
Задолжително погледнете: