Амбициозна боди билдерка со женствен лик и машко тело
Џорџина Мекноли морала да го исклучи својот профил на друштвените мрежи заради навредливите коментари кои постојано биле упатувани на нејзина сметка, и покрај тоа што со нејзиниот изглед освојува златни медали.
Со боди билдинг започнала да се бави на само 14 години и уште тогаш знаела дека го пронашла она што го сака.
- На почетокот, како и многу други девојки, сакав да бидам слаба и во форма така што моите вежби на почетокот ми изгледаа како кардио тренинг со мали тегови. Но, по извесно време започнав да забележувам огромна промена и сфатив дека многу брзо набивам мускулна маса, - пишува во нејзината биографија.
Вака изгледа оваа млада и амбициозна боди билдерка која до сега ниже само успеси...