Направи сам: Шарени свеќи за весела декорација
Оваа домашна изработка на весели свеќи е многу едноставна, а најдобро е што може да ја изработите со помош на вашето дете. Одличен проект кој ќе ја развесели било која соба во вашиот дом.
Потребни ви се:
- Мали стаклени чашки
- Восок
- Мрсни бои
- Фитил за свеќи
Постапката е следната:
Како и кај сите изработки на домашни свеќи, подгответе ги мини чашките или стаклените садови и додадете им ги малите фитили.
Растопете го восокот на оган или во микро печка, а потоа распоредете го во неколку мали садови. Во секој сад додадете по една третина креон мрсна боја, најдобро е изрендан за полесно да се стопи. Стоплете уште некоја минута за подобро да ја добиете бојата која ја посакувате.
Чашките поставете ги на некоја косина, ако сакате да добиете шара како на фотографиите. Истурете малку восок во една боја и оставете го да се стврдне. Потоа додадете ја втората боја, па третата.
Експериментирајте со боите и дезените и добијте ново декоративно парче кое нема да остане незабележано.