16 работи кои со текот на годините стануваат сè подобри
И покрај тоа што стареењето не е нешто најпосакувано, фактот дека е неизбежно не тера да ја откриеме неговата добра страна. Но, тоа нема само една, туку 16 работи заради кои не треба да очајувате, туку треба да славите.
Еве што сè се подобрува, како што свеќичките на тортата се зголемуваат...
Љубовта - Иако во младите години може да биде забавна, таа е полна и со нереални очекувања. Наместо тоа, во подоцните години веќе сте ги минале сите падови и сега уживате во нешто реално и посилно до било кога.
Алергии - Добрата вест е што алергиите и настинките се намалуваат како што стареете.
Самодоверба - Нивото на самодоверба и покрај тоа што варира од човек до човек, е минимум 3 пати поголема во средната доба отколку во младоста. Изгледа тоа е резултатот на долгогодишното искуство.
Мислењето за сопствениот изглед - Се сеќавате колку си го мразевте своето тело кога сите околу вас носеа кратки шорцеви, а вие мислевте дека имате дебели нозе? Колку сте постари, толку повеќе ја цените единственоста, а не градбата на телото која ја имате.
Одлучување - Одлучувањето е многу полесно, и тоа кога се работи за поголеми животни одлуки. И секако, истите одлуки се безброј пати момудри.
Емпатија - Најчувствителната група на луѓе дефинитивно се оние кои имаат над 50 години. Тоа и не е така лошо, што значи колку повеќе старееме толку повеќе ги разбираме туѓите проблеми.
Семејни врски - Иако некои членови во семејството се по малку луди, учите да го цените времето минато со нив. Како што стареете сè повеќе успевате да ги зацврстите семејните врски.
Женски оргазам - Можеби не ви се верува, но повозрасните жени секојдневно може да уживаат доживувајќи оргазам. Според спроведените истражувања младите девојки имаат потешкотии во младоста, но по 40тата година имаат 70% шанса да уживаат во оргазмите.
Нивото на стрес - Може никогаш нема да бидеме изолирани од стресните ситуации, но добрата вест е што стресот се намалува обратно пропорционално со годините.
Пријатели - Биле до вас и во добро и зло, ве држеле за рака и во најлошите денови и се смееле со вас во најсреќните моменти. Долгогодишните пријателства едноставно немаат цена, ниту рок на траење.
Негативни емоции - Негативните емоции како што се осаменоста, депресијата, лутината и досадата се намалуваат со текот на годините, а тоа е и научно потврдено.
Главоболки - Истражувањата покажуваат дека главоболките се намалуваат со текот на годините. Ако во младоста ги имавте речиси секој ден, кога ќе остарете ќе можете да уживате во денот без никаква напнатост и болка.
Вашиот стил - Личниот стил дефинитивно се гради и подобрува со текот на годините. Ако некогаш бевте модни робови, сега имате шанса да прераснете во модна инспирација.
Среќа - Постои многу добра причина да ставите насмевка на вашето лице: Со текот на годините се намалува стапката на луѓе кои страдаат од депресија и анксиозност.
Мудрост - Старата поговорка која кажува дека колку што сме постари, толку сме помудри е дефинитивно точна. Со мудроста не се раѓаме, туку ја стекнуваме во текот на животот.
Сон - Ви недостасува сон? Според научниците по 60тата година невозможно е да почувствувате замор. Вашето тело е така навиено што нема да ви дозволи да пропуштите ни минута сон.