Горда сопственичка на најбушавата афро фризура
Веќе 14 години Аевин ја негува својата потполно природна, виткана коса која има неверојатен обем од 1,32 метри. Во еден момент од животот се обидела да ги “смири” локните што повеќе може, сè до пред извесно време, кога сфатила дека го сака токму спротивното.
Нејзината коса непрестанато расте, па многумина случајни минувачи не може да одолеат а да не ја замолат да ја допрат нејзината коса, кажува Аевин. Иако и создава многу проблеми во секојдневието, таа планира да ја пушта својата да расте сè додека може и изгледа здраво.
Верувале или не, потребни и се и до 2 дена за да ја исуши косата, а покрај тоа голема предност е што не и е потребна перница. Аевин тврди дека косата е толку удобна и мека навечер, што перницата веќе долги години ја заменила со сопствените локни.