Несекојдневно пријателство: Глувата Ева и слепиот Дилон се неразделни
Кога имала само 9 седмици, еден поштар во длабок снег ја пронашол напуштената и речиси премрзнатата Ева, која завршила во истото складилиште за напуштени кутриња каде се наоѓал и Дилон. Дилон бил оставен на привремено чување, но неговото семејство никогаш не се вратило.
Ева има последици од нејзината состојба како младенче, па загубила едно око и е потполно глува, додека Дилон е потполно слеп. И двете кутриња со тажни приказни не се знаело како ќе се согласуваат заради своите недостатоци. Сепак, тие го докажале потполно спротивното.
„Мислев дека нивните хендикепи ќе ги одвојат, но тоа беше љубов на прв поглед и профункционираа како пар штом се сретнаа.“
Ева и Дилон се неразделни и постојано ги надополнуваат своите недостатоци.
Една девојка по име Шели била изненадена од приказната на овие две кутриња, па решила да им пружи топол дом по она што поминале. Сега Ева и Дилон живеат со уште 4 кутриња, 11 годишно детенце и сопругот на Шели.