3 лесни оброк салати за летните денови
Салатата може да биде совршен додаток за вечера или ручек, но често пати може и да го замени главното јадење, кога температурите се неподносливо високи, а готвењето речиси невозможно.
Овие 3 предлози за лесни и летни салати ќе ве изненадат колку брзата и вкусна храна може да биде здрава.
Салата со пилешко
Потребно е:
- 300g пилешко бело месо
- 200g кашкавал
- Зелена салата
- Млад кромид
- Неколку маслинки
- Сол, бибер, масло и оцет
Подготовка:
Белото месо исецкајте го на ситни коцки и пропржете го за да зарумени. Зелената салата исечкајте ја на ситни ленти, младиот кромид и маслинки на крукчиња, а кашкавалот на средни коцки. Сите состојки измешајте ги, полијте со оцет и зејтин и посолете по желба.
Салата со туна и пченка
Потребно е:
- Конзерва туна
- Зелена салата
- 1 домат
- 1 краставица
- 1 главица кромид
- Пченка
- Кашкавал
- Маслиново масло
- Лимонов сок
- Сол
Подготовка:
Исецкајте го зеленчукот, а потоа додадете ја туната која претходно ќе ја исцедите од маслото. Додајте малку маслиново масло, сол, бибер, а на крајот промешајте ја пченката. Нарендајте кашкавал, а по желба може да додадете и неколку зелени маслинки.
Салата со тестенини
Потребно е:
- 300g тестенини
- 50g шунка
- 2 јаца
- 1 краставица
- Мајонез
- Домати
- Ротквици
- Бибер и сол
Подготовка:
Тестенините варете ги во солена вода, како и обично, а потоa ставете ги во длабок сад. Тврдо варените јајца исецкајте ги на коцки, а потоа постапката повторете ја и со шунката, краставицата и доматот.
Во садот додадете го мајонезот и добро промешајте. За да го избегнете тешкиот вкус, може да додадете и малку несолена павлака, а потоа украсете со тенки крукчиња ротквици.