Зошто парите не носат среќа?
Звучи неверојатно, но истражувањата покажале дека луѓето кои повеќе заработуваат се помалку среќни. Се верува дека за тоа постојат само пет причини и тие ве делат од среќата.
1. Луѓето купуваат многу работи, предмети, а со нив не може да купат доволно искуство. Наместо тоа, оние кои помалку заработуваат вложуваат во дружењето и личното надградување, а помалку трошат на често непотребни материјални добра.
2. Насочени се кон заработување на повеќе пари, а не на повеќе време. Луѓето што повеќе заработуваат се склони кон минување на слободното време во завршување на некои активности кои создаваат додатен стрес и напнатост.
3. Перцепцијата дека купувањето на поголема куќа или стан преовладува кај оние кои заработуваат повеќе. Преселбата предизвикува задоволство, но не значи дека животот е нужно посреќен.
4. Купувањето на премногу скапи предмети понекогаш е депресивно. Оние кои поседуваат скапоцен накит, часовници, слики, технички помагала и слично, никогаш не се потполно задоволни. Секогаш чувствуваат заситеност и немаат желби и мечти.
5. Луѓето кои заработуваат многу вложуваат само во себе, наместо во другите. Вредноста на парите кои помагаат се претвора во скржавост и завист. Среќата не е тесно поврзана со овие два поими, туку сосема спротивно.