Роберт Рич е првиот кој компонира музика за спиење
Замислете го ова - музичар компонира и изведува музика која ја тера публиката да заспие, а ако тоа го постигне тогаш тој доживува успех.
Електронскиот музичар Роберт Рич е музичар на далеку познат по своите “концерти за спиење”. На неговите настапи тој создава музика на електронски клавијатури, црпи инспирација од органски звуци и меки инструменти, како и ударни инструменти и флејти.
Роберт Рич е горд што е прв човек во историјата кој твори музика за заспивање. „Секогаш сакам многу повеќе од ритуална атмосфера, сакам нешто посебно,“ вели Рич за својата уникатност.
Сите кои до сега присуствувале на негови концерти признаваат дека на неговата музика не е можно да останеш буден, што е одличен комплимент. Кога заспиваш звуците се пријатни и мелодијата ти одговара, не те буди како некоја музика на радио, велат многумина.
Спротивно на целата негова креативност, Роберт вели дека никогаш не спие пред концертите. Околу 2 дена пред одржување на ваков настап се труди да го доведе до совршенство, што често пати е премногу напорно.
Неговите песни денес можете да ги пронајдете насекаде низ интернетот, а тој препорачува да ги слушате секогаш кога не можете да заспиете. Поставете два звучници на еднаква оддалеченост, пуштете тивка музика и одморете, тоа е неговата препорака.