Подводната река е прекрасен Мексикански феномен
Добро познато е дека некои од најневеројатните природни феномени се скриени подалеку од човечките очи и се тешко достапни, а истото важи и за оваа прекрасна, а необична река.
Подземната река во Мексико е всушност тенок слој од хидроген сулфат кој се раздвојува од свежата и солената вода, на длабочина од околу 30тина метри. Кога не би го знаеле овој факт ќе изгледа како река во река и нема да ви биде јасно како е одвоена.
Реката е наречена “Cenote Angelita” и секогаш се вбројува во листата на прекрасни феномени на Земјата.
Точно 29 метри од обичната река се слатки, но од 30от до 60от метар длабочина, реката е солена. Оваа илузија е предизвикана од феноменот наречен халоклин.
Оној кој ќе се нурне во длабочините ќе посака вечно да ужива, затоа што никаде во светот нема да најде нешто слично.