Би пробале некој од овие сладоледи?
Јули и официјално е месец на сладоледот, па затоа неговиот крај го прославуваме со неколку чудни топки сладолед. Заборавете на оние најобичните во кои имате можност да уживате секој ден и откријте ја помалку вкусната страна на сладоледот.
Сладоледот од коскена срж и чадени цреши дефинитивно не е нешто што би го пробале, и тоа не заради чадените цреши кои ги содржи.
Сладолед од јајце и сланина и не е така лоша комбинација, иако солените вкусови на сладолед не се најпримамливи. Можеби ова е новиот појадок на Англичаните, не се знае.
Сладоледот направен од внатрешноста на бубрезите не е нешто вкусно, но дефинитивно изгледа како врвен специјалитет.
Сладоледот од лук е исто така возможен за да го пробате. Ако сте љубители на лук, слободно пробајте, но никој не гарантира за мирисот.
Хабането, тајландскиот лут сос доби нова димензија. Постојат повеќе храбри луѓе отколку што мислевте кои го пробале овој десерт, ако може така да се нарече.
Сладоледот од сенф може дури и да функционира како замена за обичниот, во комбинација со виршли, но не звучи најпримамливо.
Сладоледот од лосос и нане е одлична комбинација и покрај тоа што лососот е состојка која предизвикува сомневање.
Сладоледот од јастог е најпознатиот десерт на хавајските острови.
Гинис сладоледот со чоколадни парчиња ни изгледа како најдобар избор до сега. Сладоледот со големи чоколадни парчиња секој би го посакал, и покрај тоа што чоколадото и пивото се тешко споиви.
Парчињата месо прелиени со горгонцола сладолед не се баш некој десерт, но затоа се многу познато главно јадење кое може да го пробате во било кој ексклузивен ресторан.
Би пробале некој од овие вкусови?