Раскошна традиционална вила во Мексико
На обалата на Тихиот Океан во Мексико, по неколку часа возење од гратчето Пуерто Ваљарта, сместена е необична убавина под името Куиксмала. Првенствено, тоа бил проект како приватна вила, но сега може да ја изнајми секој кој ќе посака и да ужива во една од најубавите обали во светот.
Во цената на изнајмувањето влегува постојана услуга од врвни келнери и готвачи, како и голем број на луксузни предмети и третмани во кои може да уживате.
Надворешноста се одликува со раскошност и препознатлив мексикански стил, како и живописни бои и атмосфера. Огромните откриени базени се уште едно уживање кое секој би посакал да го искуси.
Само оној кој може да си дозволи ноќевање од 400 долари ќе може да ужива во овој неверојатен поглед и комоцијата која ја нуди вилата Куиксмала.