20 совети против лошото расположение
Не мораме секогаш да бидеме насмеани, добро расположени и весели. Лошото расположение е сосема природна реакција на негативните периоди низ кои минуваме, но важно е лошото расположение никогаш да не не совлада.
За да ја победите битката со солзите, намуртеноста и погрешните зборови, земете здив и практикувајте барем 5 нешта од следниве.
1. Не бидете строги со себе. Секој има лоши денови.
2. Излезете од дома. Кратката прошетка секогаш помага.
3. Разговарајте со позитивни луѓе. Избегнувајте ги оние кои постојано се жалат.
4. Направете листа на работите за кои сте благодарни.
5. Дишете длабоко.
6. Наспијте се добро. Недостатокот на сон е една од главните причини за лошото расположение.
7. Летната сезона може да помогне. Лежалката, маслото за сончање, музиката, добрата книга, терасата или плажата можат значајно да ви го подобрат расположението.
8. Секогаш пејте гласно во вашиот автомобил.
9. Не слушајте депресивна музика. Секогаш практикувајте весели песни.
10. Потсетете се дека не сте единствена лошо расположена личност.
11. Занимавајте се со нешто што го сакате. Најтешко е да се изборите со негативното расположение кога сте сами и не работите ништо.
12. Организирајте ги проблемите. Не се преоптоварувајте со работите кои ве чекаат за неколку месеци. Може до тогаш многу работи да се променат, како и вашето расположение.
13. Промената е секогаш добредојдена. Подновете се, променете ја фризурата, купете нов фустан или чевли.
14. Вежбањето навистина го подобрува расположението. Изберете шетање, пливање или било која друга активност која ја сакате.
15. Избегнувајте јога или медитација ако не сте професионалец. Ако седите во мир и тишина некое време тоа може додатно да го влоши расположението, освен ако стресот и големиот број на активности се причината за вашето лошо расположение.
16. Чоколадото и сладоледот секогаш помагаат.
17. Дозволете си креативно време. Сликајте, цртајте, фотографирајте, пишувајте песни, бидете креативни на секое поле.
18. Игрите помагаат. Играјте некоја игра, без разлика дали е друштевна или виртуелна.
19. Гледајте весели видео спотови. Разиграни и весели девојки кои добро изгледаат и се расположени може да ве поттикнат да работите повеќе на вашиот изглед.
20. Преземете одговорност. Седењето во место само ја влошува состојбата. Направите нешто проактивно. Сфатете што стои меѓу вас и насмевката и активирајте се за да го промените тоа.