Што е со пцуењето?
Психолозите тврдат дека пцуењето е негативно емоционално однесување и пореметување во емоционалната интелигенција. Пцуеме кога...
...незнаеме да управуваме со емоциите на соодветен налин.
Сите култури познаваат пцовки кои се 1% од вокабуларот. Пцовките најчесто имаат сексуално значење, понекогаш национално или етничко. Незамисливо е спортско навивање без пцуење - кон судиите и противничките играчи.
Пцовките се разликуваат од народ до народ. Во САД најчесто се на расна основа, а во Европа се разликуваат - Германците се воздржуваат, а темпераментните Италијани изобилуваат со пцовки.
Пцуењето е почесто кај машката популација, помеѓу младите личности со низок социоекеномски статус.
Изборот на пцовки зависи од друштвото. Тоа е начин на кој се изразуваат чувствата: лутина, поздрав, благодарност. Личностите кои често пцујат се доминантни и екстровертни.
Пцовките се често дефинирани како говор на омраза, вербално злоставување или сексуално вознемирување, а во некои земји често се казнува зарадио нанесување на емоционална болка.