Позитивните страни на сонцето

Од сите страни сме преплавени со информации зошто и колку сонцето е штетно, колку се важни кремите со заштитен фактор, шеширот на глава, но понекогаш забораваме дека сонцето позитивно влијае на нашето расположение и здравје.

pozitivnite-strani-na-sonceto-01

Не верувате? Еве неколку причини зошто сите го сакаме сонцето...

Сонцето ги намалува болките

Ве боли глава? Земете ги вашите очила и шешир и излезете. Истражувањата покажуваат дека оние кои боледуваат од силни главоболки имаат помалку болки кога се изложени на сонце, отколку кога се кријат под сенка.

Сонцето го продолжува животот

Спротивно на фактот дека сонцето и штети на кожата, таа произведува поголемо количество на Д витамин кога е изложена на сонце, а тој е задолжен за спречување на различни видови карциноми. Покрај тоа, штити од склероза, остеопороза и ревматски артритис.

Сонцето го подобрува расположението

Добро познато ви е колку сте посреќни кога лежите на сонце, со ладен пијалак до вас, отколку кога трчате и се криете од него. Ако облачните денови ве прават депресивни, искористете го сонцето до максимум.

Полесно ќе заспиете

Ако сте безживотни по луда ноќ, испијте го своето утринско кафе надвор, на сонце. Ведриот и сончев ден го поттикнува лачењето на мелатонин, хормонот кој го регулира вашиот биолошки часовник. Тој ќе ви помогне полесно да се опуштите, па заспивањето нема да биде голем проблем.

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg