Случајно настанат феномен во сред пустина
Можеби оваа слика ќе ве потсети на некоја друга планета или на некоја сцена од научно фантастичен филм, меѓутоа, се работи за сосема случајно настанат феномен во сред пустина во Невада.
Гејзeрот Флај е малку позната атракција за широката јавност, која се наоѓа во Невада и настанал за време на случајно дупчење на тлото уште во 1916 година.
Геотермалниот млаз вода пронашол тенко место и избил на површината, а со текот на годините растворените минерални соли се претвориле во некој чуден вид на природна фонтана.
Гејзeрот има неколку тераси низ кои се разлева вода, а за некое чудо таму живеат мали видови на риби на кои им одговара длабочината и топлината на водата.
Флај гејзeрот е ретко отворен за посета од страна на случајни минувачи и туристи, заграден е со висока бодликава жица и се смета за атракција која сè уште е непознато зошто се чува во тајност.
Погледнете како овој феномен изгледа од близу.