За што сè може да се користи лимонот?

Лимонот има широко употреба во секојдневниот живот, но не секој ги знае сите негови употреби. Тој навистина може да се употребува од неговата основна примена како намирница за готвење до задолжителен дел од рутината за разубавување.

za-sto-se-moze-da-se-koristi-limonot

1. Го регулира високиот притисок и ги чисти токсините од организмот
Лимонот содржи калиум што го контролира крвниот притисок и ги намалува вртоглавиците и малаксаноста. Помага и при ослободување на токсините од организмот.

2. Влијае на расположението
Лимонадата влијае на расположението и ослободува од стресот. После долго пешачење или некој напорен пат, една лимонада може навистина да ве освежи.

3. Намалување на респираторни проблеми
Лимонот помага полесно да дишете и ги олеснува проблемите кај луѓето со астма.

4. Помага на луѓето со артритис и реума
Лимонот е природен диуретик, помага при исфрлувањето на токсичните материи и со тоа ги спречува инфекциите и воспалителните процеси.

5. Орална хигиена
Заменете ги мастиките со лимонада и набрзо ќе видите резултати - забите ќе ви бидат сјајни и здивот свеж.

6. Мамурлак
Заменете ја водата со аспирин со лимон. Предупредување, лимонот никогаш не го ставајте во врела вода бидејќи така ќе ги изгуби лековитите состојки.

7. Вагинална хигиена
Разреден лимонов сок е здрав и безбеден начин за хигиена на вагината, а воедно и моќен антисептик, без вештачи иритирачки состојки, за разлика од козметичките производи

8. Дезинфикација на рани
Едноставно, дезинфицирајте ја раната со неколку капки лимон и крвавењето ќе престане.

9. Нега и спречување на стареењето
Лимонадата влијае на слободните радикали кои се одговорни за стареењето и брчкањето на кожата. Нема калории и е одличен антиоксиданс. Помага во ублажување на симптомите на инфекции. Природните маски од лимон се одлична замена за скапите козметички третмани за подмладување и ревитализација.

10. Чистење и избелување на ноктите
Сок од половина лимон помешајте со шолја топла вода и држете ги прстите во неа неколку минути. Потоа со кората исполирајте ги ноктите.

11. Се ослободува од првутот
Измасирајте го темето на главата со сок од лимон. Потоа нанесете шампон и исплакнете ја косата со вода во која има лимон. Така косата ќе добие сјај.

12. Груба кожа на лактите
Помешајте сода бикарбона со сок од лимон и истријте ги лактите. Со овој пилинг ќе се ослободите од мртвите клетки.


Лимонот во домаќинството

Ги брка молците
Наместо кеса ароматични билки, ставете лимон и молците ќе си заминат.

Ги брка инсектите од кујната
Со лимонов сок исчистете ги сите рачки и врати во кујната и ставете кори во ќошовите каде што се собираат инсектите.

Ги оттргнува непријатните мириси од фрижидерот
Лимонот може да го отстрани мирисот од фрижидерот подобро од средство за чистење. Тој може да ги оттргне мирисите од дрвената даска каде што сечете месо и зеленчук.

Полирање на приборот за јадење и среброто
Исчистете ги металните садови со сок од лимон и ќе бидете зачудени како сјаат.

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg