Подгответе неодоливо Ирско кафе
Тајната на совршеното Ирско кафе е да ја задржи рамнотежата – да не е ниту слатка, ниту горка, туку сите состојки да се совршено споени за да се создаде неодоливиот пијалак.
Ирското кафе е идеално за попладневното дружење со пријателите, но би било уште подобро ако е подготвено во домашни услови.
Потребни состојки:
- Виски
- Кафен шеќер
- Кафе
- Ореви
- Ликер по желба
- Слатка павлака
Подготовка:
Сварете го кафето и промешајте го со виски, а потоа додадете го шеќерот. Можете и да додадете малку рендано оревче, по желба. Оставете ги сите состојки убаво да се стопат и измешаат неколку минути.
Откако кафето ќе се олади, додаде ликер по желба, во зависност од тоа дали сте љубител на кафето со чоколадо, ванила, кокос, карамела... Направете пена од слатката павлака и додадете ја.
Мразот во ова кафе не е препорачлив за да не го разводни вкусот, па затоа одлично би било ако постои во фрижидер барем половина час пред послужувањето.