Како да го исчистите среброто?

Среброто со себе си носи посебна убавина, во сребрената боја се изгледа прекрасно, без оглед дали тоа е накит или некој вид на сувенир. Сепак, среброто е материјал кој со текот на времето го губи првобитниот сјај и препознатливата боја.

kako-da-go-iscistite-srebroto-01

Затоа, следете ги овие совети и сочувајте ги вашите омилени сребрени предмети како нови.

1. Чистење со помош на сода бикарбона

За чистењето на среброто ќе ви биде потребно: 1 лажица сода бикарбона, 1 лажица морска сол, чист алуминиумски сад и еден мал пешкир. Во зависност од големината и количината на накитот кој сакате да го исчистите, одберете сад кој одговара и наполнете го со вода.

Додајте сол во водата и ставете ги да провријат. Тргнете го садот од оган, ставете го среброто кое сакате да го исчистите и додадете ја лажичката сода бикарбона. Држете го среброто околу 15-20 минути. Откако ќе го извадите од садот, исчистете го убаво со пешкир и оставете го да се исуши.

2. Чистење со оцет

И оцетот е одличен кога станува збор за чистење на сребро. Ставете во еден сад оцет и замотајте го среброто во него. Држете го околу 20 минути, а за тоа време нежно четкајте го со четка за заби. Исплакнете го со топла вода, не заборавајте да го избришете со мек пешкир и оставете да се исуши.

3. Чистење со благ детергент

Сите имаме некој детергент во домот кој е наменет за чистење на други површини, само внимавајте да нема фосфат во него. Истурете малку детергент во врела вода, потопете го среброто и со мека крпа исчистете го. Кога ќе завршите, задолжително оставете го да се исуши пред да го ставите на вас.

4. Чистење со помош на паста за заби

Пастата за заби која е богата со флуорид, може да биде ефикасна за чистење на среброто. Ставете малку паста на четката и со благи кружни движења тријте го накитот. Кога ќе завршите, исплакнете темелно со ладна вода и избришете го со мек пешкир.

Би можело да ве интересира:

8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Најчудните растенија ширум светот (фото) Ако погледнеме малку подлабоко, ќе сфатиме дека природата е вистински уметник ко...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
Најбизарните рекорди во светот (кои не треба да пробате да ги срушите) Дали би се осмелиле да поминете 10 дена затворени во ковчег? А, дали би ставиле ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg